Анкета на американскиот ИРИ: Мицкоски на дофат на 61 пратеник, ВМРО-ДПМНЕ со огромна предност пред СДСМ

Најновата анкета на американскиот Меѓународен демократски институт (ИРИ), покажува огромна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ од цели 8 проценти.

Во број на гласови тоа би значело најмалку 150 илјади гласови предност за Мицкоски пред Ковачевски или соодносот од околу 370 на 210 илјади гласови разлика за ВМРО-ДПМНЕ.

Во зависност од распоредот на гласовите по изборни единици ВМРО-ДПМНЕ според анкетата е на прагот да освои мнозинство од 61 пратеник во Собранието.

Анкетата покажува дека во случај утре да се одржат предвремени парламентарни избори 19% од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Согласно резултатите на извршената анкета, за СДСМ би гласале 11% од населението, 7% за ДУИ, а 6% за политичката партија Левица.

Овие бројки ќе бидат уште повисоки кога ќе наближат изборите затоа што во моментов граѓаните не се доволно анимирани за гласање.

Согласно податоците на анкетата, најголемиот број од испитаниците, поточно 60% сметаат дека земјава се движи во погрешна насока што е речи си двојно повеќе од лани, а како најголеми проблеми се истакнуваат слабиот стандард, високите цени и корупцијата.

Анкетата е спроведена од Брима врз репрезентативен примерок од 1,207 испитаници во периодот од 23 септември до 13 октомври.

Анкетата е направена со поддршка на Националниот фонд за демократија (НЕД).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.