Анкета: Борче Јовчески убедливо води пред Сугарески – Се наѕира ли победникот во Прилеп?

“Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со престојните локални избори во Република Северна Македонија, кои ќе се одржат на 17 октомври 2021 годиниа.

Теренското истражување се одвиваше во периодот од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје.

Во теренското истражување на територија на општина Кисела Вода репрезентативен примерот од 727 испитаници.

Резултатите од анкетата, во делот за општина Кисела Вода, покажуваат дека во оваа скопска општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 23.9% од испитаните граѓани.

Зад него е кандидатот на СДСМ, Филип Темелковски за кој довербата ја дале 18,7% од граѓаните, кандидатот на Коалиција ЛДП-ДОМ, Ѓулистана Марковска за која 3,5% од испинатиниците се изјасниле дека ќе гласаат, кандидатот на Левица, Јулијана Штрковска Колариќ со 4,1% и кандидатот на ТМРО Росанда Марковска со 1,1% .

Во теренското истражување на територијата на општина Прилеп на репрезентативен примерок од 563 испитаници.

Резултатите од анкетата, во делот за општина Прилеп, покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 24.5% од испитаните граѓани.

Зад него е кандидатот на СДСМ, Горан Сугаревски за кој довербата ја дале 19,9% од граѓаните, кандидатот на коалиција ЛДП-ДОМ, Славе Петрески за кој 4,8% од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат, кандидатот на Интегра,Зоран Митрески со 1,4% и независниот кандидат Жарко Стеваноски со 1,3%.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.