Андријана Јаневска ќе пее заедно со голем број пејачи од светот во песна за Гинис: Услов и’ било да пишува дека доаѓа од Република Македонија

Македонската пејачка и виолинистка Андријана Јаневска ќе ја претставува нашата држава во проект за Гинисовата книга.

Јаневска се пофали на својот Фејсбук-профил за престижниот проект.

„Чест ми е да Ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Станува збор за песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach. Мој единствен услов за учество беше да пишува дека ја претставувам Република Македонија. Денес го потпишав договорот и следната седмица ќе ја снимам песната“, напиша пејачката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.