Андријана Јаневска и Ратко Даутоски, во сабота ќе настапат на хуманитарен концерт во дворот на црквата Св. Петка

Храмот Св. Петка во населбата Точила во Прилеп организира хуманитарен концерт “Од векови за векови”. Во соопштението од храмот стои:

Почитувани прилепчани,

Со звуци на надеж и хармонија имаме чест да ве поканиме на хуманитарниот концерт “Од векови за векови”, посветен на доизградбата на нашето духовно светилиште, архитектонскиот бисер, храмот Св. Петка во нас. Точила.

Концертот ќе се одржи на платото пред храмот спроти големиот празник Иванден, на 6 јули (сабота) со почеток во 20:30ч., каде ќе настапат светски познатите, а наши македонски национални богатства, мултиинструменталистот проф. д-р Драган Даутовски, заедно со маестралниот перкусионист Ратко Даутоски и познатата вокална дива и македонски славеј, проф. д-р Андријана Јаневска.

Вашето присуство и поддршка се од неизмерно значење за успешно одржување на овој настан, за напредокот на нашата заедница и на оваа, за сите нас, значајна и благородна иницијатива па затоа ве покануваме да ни се придружите заедно со вашите пријатели и семејства, та заедно да создадеме прекрасна вечер во име на заедничката цел за доизградба на нашиот храм.

Со почит, Организационен одбор при храмот:
Протоереј Љупче Петрески
Професор Мендо Ташкоски
Црковниот Одбор

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН
ЖИРО СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ:
Храм „Св. Петка“-Точила, Прилеп 500-000000887189




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.