Андреј Ристески и Сара Симоноска од Карате Клуб Спорт 94 од Прилеп, се млади каратисти, кои се иднината на овој спорт во градот под Марковите Кули. Карате федерацијата на Македонија, за нивните резултати во изминатата 2015 година, ги награди со плакети за второ место (Андреј) и трето место (Сара), најуспешни јуниори за изминатата година.
На свеченоста која се организира на почетокот на годината во Скопје, присуствуваат најдобрите каратисти од Македонија, кои се номинирани за наградите, при што се избираат по тројца најдобри од секоја категорија.
Имено Андреј, оваа награда ја доби за освоеното второ место на Државното првенство, учевство на Светски куп и освоеното седмо место на Европското првенство во Цирих, минатата година.
Сара Симоноска пак може да се пофали со прво место на Државното првенство за 2015 година.