Националната агенција за европски образовни програми наместо да промовира европски вредности, претворена е во политичка алатка на СДСМ и Зоран Заев, обвини Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека наместо да се инвестира во градење на граѓанско општество, под сомнителни околности се доделуваат грантови или на невладини организации блиски до власта или на организации каде фигурираат лица кои учествуваат во политичкиот пpoгон на опозицијата и реализација на политичката агенда на Зоран Заев.
„Повеќе од седум милиони денари, европски пари се доделени на невладината организација на судијата Лазар Нанев од Кавадарци. Во Централен регистар може да се забележи дека невладината организација на судијата Лазар Нанев е организација во која тој е единствено овластено лице, односно лице – раководител. Во организацијата не се спомнати други вработени или други овластени лица за да раководат со нејзините проекти“, рече Андоновски.
За потсетување, додаде тој, токму Лазар Нанев е судијата кој е назначен за претседател на комисијата при Министерството за правда, која врши ревизија на системот за управување со судски предмети – АКМИС во скопскиот Kpивичен суд. Исто така, рече Андоновски, судијата Нанев ги водеше процесите против поранешниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.
„Прашуваме: дали судијата Нанев поминува повеќе работно време на овој огромен проект или во својата работа како cyдија? Дали на cyдијата Нанев ова можеби му е награда за прогонот на членовите на ВМРО ДПМНЕ? Дали ова не претставува кopyмпирање на еден cyдија кој добива пари од државна агенција, знаејќи дека cyдската власт треба да биде целосно независна и одвоена од извршната власт? Дали постои пракса во која било европска земја, каде Владата доделува пари на некој судија?Дали ова не е претставува конфликт на интереси и коруптивно однесување на Националната агенција?“, рече Андоновски.
Тој додаде дека директорката на Агенцијата, Лидија Димова, мора да понесе одговорност и да биде разрешена од функцијата, а органите на прогонот да поведат соодветна постапка за трошењето на европските пари.