Ангеловска прeceче: “НЕМА награда за полицajците, важно пари за бадеми, лешници и виски имаше?”

Полицајците, војниците, комуналците и други работници заслужуваат да бидат наградени, но владата треба да внимава како ги троши парите на граѓаните и откако веќе е донесен ребалансот на буџетот, рече министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа рече дека не само министерот за внатрешни работи туку и сите други министри би имале предлог за награди на вработените кои дале придонес во борбата со коронавирусот, но тоа не може да се направи сега откако е донесен ребалансот на буџетот.

– Неразбирливо е по два дена од донесување на ребалансот да се бара зголемување на плати. Министерот за внатрешни работи учествуваше во подготовката на ребалансот и дури предложи буџетот на Министерството за внатрешни работи да се скрати за 88 милиони денари, па сметам дека сегашното барање не кореспондира со ребалансот донесен пред два дена – рече Ангеловска.

Таа додаде дека сите кои заслужиле награда поради ангажманот во справување со кризата ќе бидат наградени.

– Сите ќе ја добијат наградата, но не сега, туку по победата на коронавирусот – рече Ангеловска.

Министерот за внатрешни работи вчера излезе со барање за зголемување на платите на полицајците од 15.000 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.