(Фејсбук статус на Никола Србов)
На денешниот прес премиерот Заев изјави: Подобар договор од овој не може да се постигне. Зошто ВМРО ДПМНЕ не постигна договор цели 11 години?“.
“Распродавањето на се она што претставува Македонија, Македонци и македонско, никогаш не било опција на ВМРО ДПМНЕ. Но, ајде да видиме и политички дали било можно да се реши спорот во тие 11 години:
2006 година на власт доаѓа ВМРО ДПМНЕ и веднаш започнува да работи на агендата за евроинтеграции.
2007 година Македонија го фаќа најголемиот бран на економски раст.
2007 година во САД започнува големата економска криза која има потенцијал да прерасне во светска криза.
2008 година претседателот на САД, Џорџ Буш изјавува: „Утре НАТО ќе донесе историска одлука за прием на трите балкански нации: Хрватска, Албанија и Македонија. САД силно ја поддржуваат поканата за членство во НАТО на овие три нации“
2008 година на НАТО самитот во Букурешт, Македонија е блокирана за влез во НАТО.
2008 година претседателот на САД, Џорџ Буш, на плоштадот Св. Марко во Загреб, го изразува неговото жалење за блокадата на Македонија.
2008 година Македонија потпишува Договор за стратешко партнерство со САД.
2009 година економската криза ја зафаќа Европа.
2009 година Грција прогласува банкрот и влегува во огромна економска и должничка криза со долг од над 300 милијарди евра.
2010 година грчките власти соопштуваат дека ги замрзнуваат сите преговори со соседните Македонија и Турција додека државата се наоѓа во криза.
2011 започнува европската должничка криза.
2011 година Грција започнува да добива транши од ЕУ и ММФ кои ѝ ставаат на располагање 240 милијарди евра.
2011 година грчките власти објавуваат политика на штедење.
2011 година Грција запаѓа во тотална анархија со секојдневни насилни демонстрации по улиците.
2012 година во Грција се уште е во немири.
2014 година СДСМ не ги признава резултатите од парламентарните избори, ја блокира државата и ја најавува политичката криза.
2015 година СДСМ започнува да објавува незаконски прислушкувани разговори по што Македонија влегува во најголемата политичка криза досега.
Понатаму знаеме што се случуваше…
Изговорот на владата дека „договорот е катастрофален бидејќи ВМРО претходно не го решил“ паѓа во вода.
Договорот кој Заев го потпиша со Грција не смее да помине. Мора да се спречи ова распродавање на државата и да се изнајде вистински начин за враќање на државата на вистинскиот колосек и за исполнување на нашите децениски стремежи”