Американски шамар за Хавиер Солана !

Соединетите Американски Држави му забранија влез во земјата на Хавиер Солана, поранешниот генерален секретар на НАТО и поранешен шпански министер за надворешни работи, откако отпатува во Иран, една од земјите која е на “црната листа” на САД.

Солана, кој требаше да одржи говор во Институтот Брукингс во Вашингтон, не доби американска виза поради “посета на непријателска држава”. Солана последен пат го посети Иран во 2013 година, кога беше на состанок со претседателот Хасан Рохани.

Извори од американската амбасада во Мадрид не сакаа да го коментираат овој случај, но прецизираа дека американскиот електронски систем за авторизација на патувањата (ЕСТА) автоматски ги отфрла барањата на луѓе кои ги посетиле “непријателите” на САД. Тие земји се Ирак, Сирија, Иран, Судан, Либија, Сомалија и Јемен.

Солана го негираше инцидентот и потврди дека е во процес на добивање виза. Солана беше генерален секретар во НАТО од 1995 до 1999 година и го предводеше бомбардирањето на Југолсавија во 1999 година. Исто така, тој во 90-тите години во неколку наврати ја посетуваше и Република Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.