Американски носач на авиони пристигна во Сплит

nosac-avioni-hrvatska-1-650x388

Американскиот носач на авиони „Хари С. Труман“ чијашто носивост е до 85 авиони и 20-тина хеликоптери утрово вплови во Брачкиот канал и се вкотви на околу два километри од сплитското градско пристаниште, каде во склоп на посетата на Хрватска ќе престојува до 9-ти декември, пренесува Танјуг.

Хрватското Министерство за одбрана соопшти дека посетата на овој носач на авиони претставува потврда за блиските односи меѓу Хрватска и САД како доверливи партнери што заедно работат на возпоставувањето и одржувањето на безбедноста и просперитетот во регионот, како и показател на богатата и интензивна соработка.

Американскиот носач на авиони „Хари С. Труман“ е во состав на американската Шеста флота со седиште во Неапол Италија, која управува и учествува во низата заеднички поморски операции, најчесто со сојзуниците и партнерите со цел создавање безбедност и стабилност во Европа и Африка.

„Хари С. Труман“ е носач на авиони од класата „Нимиц“ и е со големина како три фудбалски игралишта. Тој е со вкупна должина од 333 метри и широчина од 41 метар. Посадата брои вкупно 4.922 члена, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана на Хрватска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.