Американската православна црква ја призна АВТОКЕФАЛНОСТА на МПЦ – Охридска архиепископија

На вонредна седница на 21 мај 2025 година, Светиот синод на Православната црква во Америка одлучи, да ја признае канонскоста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, која ќе стапи на сила веднаш, и да се потврди за целосното општење со архијереите, клирот и верен народ на МПЦ-ОА.

Оваа радосна вест беше пренесена на Црквата во целост од Неговата Блаженост Митрополитот Тихон во неговиот извештај на 15 јули 2025 година до 21-от Се-Американски собор, кој заседава оваа недела во Финикс, Аризона.

Оваа одлука дојде по барање на Неговата Светост Патријархот Порфирије од Србија, кој во официјална кореспонденција со Неговата Блаженост, побара дека Православната црква во Америка, во согласност со Томосот што беше даден од Српската православна црква, ја признае автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Кабинетите на Митрополитот Тихон и Неговота Блаженство Архиепископот Стефан од Охрид во моментов планираат заедничка прослава помеѓу двата Примати, која ќе се одржи во катедралата на Митрополитот Тихон Свети Никола во Вашингтон.

Оваа заедничка прослава, како што информираше Митрополитот Тихон на целата Американска Црковна Конференција, ќе биде крунисано со формално признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква, која ја зазема својата позиција покрај Православната Црква во Америка како целосно автокефална локална Православна Црква.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.