АМДИ БАЈРАМ „РАСПАЛИ“ ВО СОБРАНИЕ: Знаете ли што правите, ја упропастивте Македонија, Господ ќе ве казни за тоа

Време е после 6 месеци да излезам на говорница и да им ја кажам вистината. Шест месеци слушав циркуси разни и само простудирав. Сега, време е да ви кажам СДСМ, што сакате и што барате министри во Владата, пак да ги вратите истите, па кој ве избрка, што си ги дадовте оставките, рече пратеникот Амди Бајрам.

amdii

– Кај го има тоа, се шегував, сега те сакам жено, сега не те сакам, нема тоа, брак е брак, се знае тоа. Ова го има само во Македонија, во овој Парламент го има само тоа. Најдовте па зајдовте. Оваа власт на оваа опозиција и даде многу, шаренило да упропастувате, се да направите во оваа држава, никого не ве пипнавме со еден прст, ве пуштивме да се брукате меѓу народот. Вие нема да добиете, Амди Бајрам што кажал тоа останало. Народот знае колку сте допринеле и што сте направиле, рече Бајрам.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.