Амбасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ и д-р Младен Иванич во посета на општина Прилеп

IMG_4601

Денеска во еднодневна посета на општина Прилеп беше амбасадорката на Босна и Херцеговина  Лепа Бабиќ и членот на претседателството на БиХ од Република Српска д-р Младен Иванич. Делегацијата го посети Економски факултет и присуствуваше на дел од предавањата наменети за студентите. Веднаш потоа пристигнаа во општина Прилеп каде остварија средба со градоначалникот Марјан Ристески.

IMG_4626

IMG_4611

IMG_4613

IMG_4622

Градоначалникот Ристески, амбасадорката Бабиќ и д-р Иванич, разговараа за актуелните состојби во двете држави, а посебно внимание беше посветено на економската соработка. Тројцата се согласија  дека од особена важност е да се развива економската соработка поинтензивно и да се постигне ново повисоко ниво.

IMG_4699

IMG_4648

IMG_4659

IMG_4686

На денешната средба стана збор и за тековните проекти, активности и настани, а гостите беа запознаени и со проектите кои треба да бидат реализирани во иднина.

Рекреативно и во опуштена атмосвера, делегацијата го посети и манастирот “Св. Архангел Михаил“ во населба Варош.

IMG_4768

IMG_4782

IMG_4757




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.