АМАНЕТОТ НА ЧЕНТО: Изгубив се, но ми остана човечкото достоинство, а и тоа сакаат да ми го земат!

Фејсбук групата ,,Слобода за Јане Ченто’’ со моќна порака и паралела помеѓу борбата на Методија Андонов Ченто и Јане Ченто, приказна која се повторува, приказна за казната која следува доколку искрено и со цело срце се бориш за Македонија. Цитатот е од пред неговото монтирано апсење и судење и после неговиот излез од затвор и после операцијата.

Пред неговото монтирано апсење и судење и после неговиот излез од затвор и после операцијата.

Како можевте да уништите ваков човек кој се бореше со чисто срце за Македонија.

“Загубив се,материјално пропаднав,мојата политичка кареира ја започнав како чорбаџија а ја завршив како слеп сиромав.

Децата се веќе 10 години без моја помош и лишени од помошта на заедницата поради мене.

Му наредиов на синот да прекине со студиите од економски причини. Жената ја упропастив наполно и таа се разболе.
Изгубив 9 години личен живот, истргав најмизерни понижувања,осуден сум за тоа што не сум го сторил,од глад сум паѓал во несвест,сум издржал 9 години казна,ќе излезам поголем
злосторник од германските гестаповци кои го запалија целиот свет.

Од сето тоа ми остана човечкото достоинство,и тоа сакаат да ми го земат.

Јас не жалам оти ќе умрам,само ми е мака што немам време да напишам некои работи кои што историјата на Македонскиот народ треба да ги одбележи,не затоа што јас сум учествувал во тие настани,треба да знаат како се одвиваала борбата за нашата слобода и да знаат кој и зошто гинел и кој што направил за неговоата слобода.“ – Методија Андонов Ченто.

Како човек после овие зборови да ја запре борбата за Македонија?

Аманетот треба да го почитувамe сите, гласи постот на Фејсбук групата ,,Слобода за Јане Ченто’’




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.