Ал Гор со месеци мислеше дека е претседател на САД, но… Еве што се случува кога се пребројуваат гласовите (Видео)

Во САД, но и ширум светот, луѓето се прашуваат зошто е потребно пребројување на гласовите по претседателските избори, кои завршија во средата по средноевропско време?

Но ова не е најдолгото чекање за да се одлучи кој е претседател. На изборите во 2000 година, на одлуката за победник се чекаше 35 дена. Беше тоа легендарна изборна трка меѓу Џорџ Буш полмадиот и Ал Гор, потпреседателот под водство на Бил Клинтон, кој сакаше да ги задржи демократите во Белата куќа. Победникот тогаш го прогласи Врховниот суд, за прв пат во историјата, потсетува БиБиСи.

На денот на изборите, 7 ноември 2000 година, демократскиот кандидат Ал Гор освои мнозинство гласови, но се зависеше од Флорида. Разликата таму беше толку мала што пребројувањето беше неизбежно и дури на 12ти декември Врховниот суд пресуди во корист на Буш.

Можеби ова е причината што дел од светските лидери сеуште не му честитаа на Џо Бајден, кој освои најмногу гласови во историјата на САД.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.