Не успеа обидот на грчките власти да го забранат пеењето на песнатта „Македонија славна“ на воените паради по повод Денот на независноста во Грција – oбјави “Алфа ТВ”.
На снимките кои се шират на сопцијалните мрежи се слуша како воениот оркестар на плоштадот Синтагма во Атина ја свири оваа песна – посветена на Александар Велики, кој ги протерал варварите и во контекст на спорот за името, грчките националисти овие стихови за варварите честопати ги упатуваат кон Република Македонија. На централната прослава, непознато лице се обиде да го пробие полицискиот кордон и да го нападне грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, но беше спречен од полицијата.
Во Солун пак, граѓаните во еден глас ги пеат стиховите на песната „Македонија славна“, а слоганот „Македонија е Грчка“ повеќепати се слушнал од насобраната толпа. Таму, веднаш по маршот се одржал и протест на грчки националисти против Договорот од Преспа. Како што пренесуваат грчките медиуми, судир помеѓу група граѓани и полицијата имало и на маршот во Калитеа.
Целосниот прилог на “Алфа ТВ”, погледнете го ТУКА