Доколку Владата постапи по барањата на Антикорупциска и на двете соседни општини Охрид и Струга им ги одземе надлежностите за рушење на дивоградбите, затоа што како региони под заштита на Унеско не успеаа да се справат со бесправната градба, општина Струга нема да ја почитува таквата одлука. Градоначаникот Мерко најави дека не само што нема да дозволел државата да руши, туку без око да му трепне, кажа дека ќе продолжел со градежната експанзијa – oбјави “АЛФА ТВ”
-Ние сакаме да градиме, не да рушиме.Ние ќе му кажиме да доградиме уште, не да рушат.Владата ќе реагира како ние ќе кажеме ,сигурно има така да каже, затоа ние знаеме, ние сме локална власт. Што сме ние, не може преку сила некој да дојде и да каже, вели Рамиз Мерко-градоначалник на Струга.
-Кога ги остапував ингеренциите во урбанизмот, не ги сакаа,сега нема закон со кој што Владата може да ми ги одземе надлежностите во делот на справувањето со дивоградбите – вели Мерко.
Тој упорно го брани својот став дека во Струга немало нити една дивоградба во крајбрежјето, иако на плажите искористивајќи го екот на пандемијата интезивно се градат објекти и од цврста градба, за Мерко тоа е само пролетно подзачистување.
Целата сторија погледнете ја ТУКА