Алекса Петрески, Марифет и Конект Бенд, во петок ќе настапат во “Кафе Пауза” за Виктор, 26-годишниот прилепчанец кој го обедини Прилеп во хуманост!

Град херој, а сега и ГРАД ХУМАНИСТ! Прилепчани во еден ден се обединија за 26-годишниот ВИКТОР НИКОЛОСКИ, наш сограѓанин кому неодамна му е дијагностициран тумор на главата.

Кафулиња, ресторани, невладини организации…. веќе најавија низа настани и концерти. Потребни се 73.000 евра за Виктор итно да замине на лекување во Турција.

Хуманитарна забава викендов ќе има и во “Кафе Пауза” во населбата “Точила”. Настанот е закажан за петок, 31.01. со почеток од 21 часот, а ќе настапат: Алекса Кузманоски, Марифет Бенд и Конект Бенд.

Влезниците се по цена од 200 денари, а сите средства ќе одат за лекување на Виктор.

Бидете дел од сите овие хуманитарни забави кои викендов ќе се случуваат во нашиот град.

ЕДНО ОГРОМНО БРАВО ЗА СИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ! ЕДНО ОГРОМНО БРАВО ЗА СИТЕ ХУМАНИ ГРАЃАНИ!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.