Александер „Велики“ Волкановски стана УФЦ првак во перо-лесна категорија

Александер „Велики“ Волкановски, го победи Макс Холовеј, и му ја одзеде титулата шампион во перо-лесна категорија во Ултимејт фајт, на УФЦ 245 настанот во Лас Вегас.

Волкановски е австралиски борец, а татко му е роден во село Беранци кое се наоѓа во близина на Битола, па често ги истакнува и своите македонски корени.

Волкановски и Холовеј ги одработија сите пет рунди, не се штедеа, а на крај, судиите пресудија во полза на нашинецот, кој првпат се искачи на тронот. Александер кој има 31 година, во кариерата има осум победи во осум борби, а Холовеј го претрпе петтиот пораз.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.