Првото полувреме на вчерашното Пелагониско дерби не донесе многу возбудувања на теренот, но затоа на паузата се случи нешто што речиси никогаш не е видено на фудбалските терени кај нас.
Александар Илиоски, член на навивачката група “Мајмуни” се одлучи на несекојдневен и уникатен начин да ја запроси својата девојка Марте.
Во неговата идеа му помогнаа резервните фудбалери на Победа, кои држеа транспарент на кој пишуваше: “Марте, омажи се за мене!”
Секоја чест за храброста и нека им е со среќа!