„Барем на семафорите да има рампи и звучна сигнализација за слепите лица“, вели Александар
„Со 7 илјади денари не се решава проблемот на едно лице…“, вели Суарет
Александар Велески и Суарет Алиша ги споиле животните предизвици. Велески не може да оди поради параплегијата која ја има од 5 год возраст, Алиша пак не гледа од своето раѓање. Немањето инфраструктура за лицата со посебни потреби е главниот проблем за непречено функционирање во секојдневието.
„Покрај реката си ја скршив количката, а сервис нема во Скопје, во Македонија. Мораме сами да се снаоѓаме… Еве видете…“, вели Александар Велески
„Се што е направено е само урбана мафија… Нека одговорните размислат дека и тие имаат деца, внуци, на раце ли ќе ги носат…“, вели Суарет Алиша.
Глувите сакаат да ја победат тишината, а слепите сакаат да ја победат темнината, но само доколку им се даде можност да се оствари тој сон.
„Рекоа редовно образование за сите, јас тоа не го поздравувам. Кој асистент на слепо лице ќе му ја пренесе брајовата азбука, а никој не ја познава?“, вели Суарет Алиша
Суарет вели дека сите ветувања и проекти за нормално функционирање на лицата со попреченост функционираат на хартија.
„Упатувам апел до премиерот и до Владата, се обврзавте пред 2 години дека ќе ги решите проблемите на лицата со попреченост. Како лице со попреченост и претставник на тие лица ве поканувам да седнеме и заеднички да најдеме решение. Велат една држава вреди колку што се грижи за најбеспомошните“, вели Суарет Алиша.
Видо сторијата погледнете ја на Сител