Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, предмалку на прес конференција соопшти триесетина имиња за кандидати за градоначалници на локалните избори во октомври. Меѓу нив и за општина Кривогаштани, каде партијата ќе трча со Александар Богданоски.
Богданоски е актуелен претседател на советот на општината и поранешен претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кривогаштани.
Тој доаѓа од земјоделско семејство и е дипломиран економист, вработен како одговорен сметководител на Министертството за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство.
-Драги жители на општина Кривогаштани, почитувани пријатели, ве известувам дека на вчерашната седница на Централниот Комитет, ВМРО ДПМНЕ ми даде поддршка на претстојните локални избори да бидам кандидат за градоначалник на Општина Кривогаштани. Сакам да знаете дека со чисто срце и искрена благодарност ја прифаќам дадената доверба. Ќе ја понудиме најреалната и најдобрата програма за Кривогаштани, ќе победиме и ќе ја преобразиме општината на вистинскиот начин – напиша Богданоски на ФБ.