Денес пред седиштето на СДСМ во Скопје, со почеток во 14 часот, движењето „Зошто да не“ и „Јас верувам“ одржаа мирен протест против разрешувањето на Арбен Зибери од страна на СДСМ.
Зибери, беше разрешен откако на „Фејсбук“ објави дека како член на Комисијата за заразни болести дал придонес за отворање на границите, со цел граѓаните да дојдат и да гласаат за Албанец да биде избран за премиер.
Како што појаснуваат од ресорното министерство, со ова Зибери пласирал неточни изјави во јавноста со што директно наштетил на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.
„Господине Заев, кажете ни само една причина за разрешувањето на д-р Зибери. Се што знаеме е дека тој направи одлична работа како директор на Центарот за јавно здравје, особено во време на корона-кризата, кога беше на првите редови во борбата против пандемијата. Отпуштивте еден посветен и професионален државен службеник зашто тој го изрази своето мислење на Фејсбук, а зборувате за демократија и граѓански права. Го сменивте и покрај неговите лојалност и професионалност. Кажете, ако веќе Арбен толку згрешил, зошто не одбравте еден од многуте албански здравствени експерти кои имаат исти вештини или можеби и подобри од новоназначениот директор на Центарот, Александар.
Господине Заев, јасно е дека вие целите на евтини македонски гласови, но од некој што ја води државата очекуваме морален интегритет, очекуваме чесност, очекуваме еднаквост. Во 2016 година многу Албанци гласаа за СДСМ бидејќи ветивте еднаквост, ветивте општество за сите. Во 2016 година ние однапред ви ја дадовме довербата, ви ги дадовме нашите гласови. Вие станавте премиер само заради албанските гласови, но од тоа ние не добивме ништо. Господине Заев, разочарани и гневни сме“ – порачаа присутните на протестот.