Албанците во паника: Русите пристигнуваат во Косово !?

rusija-vojska-specijalci-1-600x338

Дојде до замор во внатрешноста на ЕУ, бидеќи губитничката мисија Еулекс и ЕУ не сакаат повеќе да се занимаваат со тоа.

Ако Америка го променила ставот спрема Албанците, и работите ги вратила во ООН, на некој начин ја девалвирала одлуката за независноста на Косово.

Мисијата Еулекс не можеше да ја изврши доверената задача и затоа дел од надлежноста се враќа на Унмик (привремена административна мисија на ООН во Косово). За Приштина, јакнеењето на Унмик не е добра вест, бидеќи по 8 години од прогласувањето на независност, ова е најголем пораз за Приштина која покажува дека се легитимира како држава, пренесуваат приштинските медиуми.

Според албанските медиуми, планот до сега помина во повеќе комитети и од април или мај би требало да ја помине и буџетската комисија, што ќе овозможи веќе од јуни УНМИК да формира Дирекција за владеење на законите и корективна служба.

Дали ова значи дека УНМИК повторно ги превзема ингеренциите на Косово ?

Соговорниците на Спутник се согласуваат дека враќањето на надлежноста на УНМИК од областа на владеењето на законите не може да се случи без согласност на Америка.

Еулекс мисијата се покажа како неефикасна, но тоа не значи и укинување на оваа мисија, но ова го потврдува фактот дека европската заедница “падна на испитот”.

Душко М. Челич, професор на Правниот факултет на Универзитетот во Париз, за Спутник вели дека рано е да се суди за тоа дали ЕУ ги “држи рацете” подалеку од Косово и го враќа под контрола на ООН, но се согласува со фактот дека мисијата Еулекс претрпи неуспех.

Челич додава и дека УНМИК доби нова локација и простории на подрачје на Приштина, што секако укажува дека мисијата ќе престане со работа за скоро време.

Претседателот на Националниот Совет на Србите на Косово и Метохија, Момчило Трајкович е убеден дека реинкарнацијата на УНМИК е победа на правдата.

“Тоа би ја зајакнало позицијата на Србија и Србите во КиМ. А она што е најважно, би го вратила Косово во оквирот на Советот за безбедност, што автоматски би значело јакнеење на позициите на Русија и Кина во стабилизација на состојбата, како и во процесот за одлучување на статусот на Косово”.

Извор: vestinet

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.