Студентите ширум Албанија се креанаа на нозе против одлуката на владата за поскапување на високото образование во земјата.
Неколку стотици студенти во текот на вчерашниот ден го блокираа влезот на Министерството за образование во Тирана, а протестите траат веќе 3 дена.
Тие бараат повлекување на ваквата одлука на владата, но и намалување на мастер студиите кои чинат 1500 евра годишно, на половина цена.
Протестите започнаа во вторникот во Тирана, но набрзо се проширија и по другите градови низ државата.
Вчера младите Албанци излегоа на протест во Елбасан, Драч и Корча, па протестите стануваат едни од помасовните во изминатите години.
Заменик министерот за образование на земјата побарал да преговара со студентите во средата, но тие го одбиле неговиот предлог, велејќи дека за време на такви преговори би се соочиле со притисоци.