На 14 октомври 2014 година албанскиот xyлиган Исмаил Морина со спуштање на дронот на кој беше прикачено знамето од “голема Албанија” го прекина мечот од квалификациите за Европското првенство меѓу Србија и Албанија, кој се одигра на стадионот Партизан.
Приказната за Морина ја пренесе магазинот “Неделник”, кој ексклузивно пренесе дел од книгата на Џејмс Монтаги “1321: Among the Ultras”, во која овој англиски новинар пишува и за Албанецот кој управуваше со дронот на мечот меѓу Србија и Албанија.
Имаше толку многу теории на зговор за овој инцидент, но постои само една вистина а тоа е дека Морина сакал да направи патриотски чин и да им се одмазди на Србите за палењето на знамето во Џенова.
– Велат дека сум го навредил нивното знаме. Нивната вера. Не го направив тоа. Само ја покажував историјата. Нашите знамиња- вели Морина, кој патем побара прошка што се качил на српската црква.
– Жалам само поради една работа. Што се качив на црквата. Ако српските верници се навредени поради тоа, жал ми е. Барам прошка. Барам прошка што се качив на црквата. А останатото? Се чувствувам само горд. Сето тоа беше моја идеја. И моја способност. И моја глупост. Но се беше мое.