Албанскиот премиер повторно си го доби: После јајцата и брашното, сега му фрлија боја (Видео)

Пратеникот од редовите на опозициската Демократска партија, Еди Палока, кој воедно и партиски потпретседател, денеска предизвика инцидент во албанскиот Парламент, истурајќи боја врз премиерот Еди Рама.

По барање на спикерот Грамоз Ручи, припадници на Националната гарда, кои се гржат од обезбедувањето, го отстранија Палока од собранската сала.

Доплнително на Палока му е одредена казна за десетдневна забрана за влез во Парламентот.

Инцидентот следуваше откако премиерот Рама, му се обрати на лидерот на демократите Љуљзим Баша, кој повеќе зборуваше за „криминалот на Владата“ отколку за ратификација на Протоколот за членство на Македонја во НАТО, велејќи дека „детето не знае што прави и што зборува“ и оти не е момент за тоа, ниту поради трагедијата кај Карпалак, ниту поради значењето на точката на дневниот ред.

Рама, при тоа, му се извини и на претседателот на македонскот парламент Талат Џафери, кој присуствува на седницата.

Баша ја искористи говорницата да повика на масовност на закажаниот антивладин протест на 16 февруари и меѓу другото рече дека „денеска сме на погреб на државата“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.