Лидерите на партиите на Албанците Алијанса и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши на премиерот Заев му порачаа дека е време за оставка на Владата и создавање на широка владина коалиција.
„Oваа Влада е влада на лажговци и треба веднаш претседателот на Владата да даде оставка, да се направи широка владина коалиција помеѓу сите политички актери во која сите партии ќе преземат одговорност, изјави Зијадин Села, како што пренесе МКД.Мк.
Села бара опозицијата да биде консултирана околу сите проблеми, како и за спорот со Бугарија со цел што поскоро да се закаже меѓувладината конференција меѓу Македонија и ЕУ.
„Алијанса и Алтернатива секогаш кажуваат дека се тука и дека стојат на страната на граѓаните. Ние секако би застанале во одбрана на идентитетот на македонските граѓани што го чувствуваат, но не може од нас да се бара само бланко поддршка”, рече Африм Гаши од Алтернатива.