Албанскиот Парламент едногласно го одобри законот, со кој на лица со криминални досиеја им се забранува да заземаат државни функции или други должности во владините служби.
Сите 131 пратеник, кои вчера присуствуваа на гласањето, го поддржаа проектот, а деветмина беа отсутни.
Новиот закон на лицата, кои имаат криминални досиеја, а кои заземаат такви функции им дава рок од три месеци да ја напуштат работата.
Со законот се вклучени вработените во полицијата и тајните служби, но не и воениот персонал и службениците со понизок ранг.