Битолската публика, која во огромен број го исполни стадионот „Петар Милошевски“, со несебичната поддршка за нашите фудбалери беше
дванаесетти играч на натпреварот помеѓу Македонија и Италија.
Енергијата на трибините, спортскиот дух и гласната поддршка уште еднаш ја потврдија препознатливата битолска спортска традиција и љубов кон
спортот. Со своето присуство и навивање, битолчани оставија посебен печат на овој настан и создадоа атмосфера за паметење.
Ова уште еднаш покажа колку Битола е желна за спорт и колку навистина заслужува редовно да биде домаќин на меѓународни натпревари од највисок ранг.