Акциски контроли во угостителски објекти на подрачјето на СВР Битола: Се точело на алкохол на малолетници кои биле присутни и по полноќ

На 13.08.2022 во 01.00 часот при вршење на акциска контрола според планот „Безбедно лето 2022 “ во повеќе угостителски објекти во Битола се затекнати малолетници, од кои кај еден од нив било утврдено присуство на алкохол од 1,38 промили. Малолетниците во присуство на претставник од Центарот за социјална работа се предадени на родителите.

Исто така, во Ресен од 23.00 часот на 12.08.2022 до 02.00 часот на 13.08.2022 преземени се активности во врска со почитување на работното време на угостителските објекти, точење алкохол на малолетни лица, пронаоѓање на лица кои се бараат со потерница, пронаоѓање на предмети кои потекнуваат или се наменети за вршење на кривични дела и др. При контрола во угостителски објекти беа затекнати повеќе малолетни лица послужени со алкохолни пијалаци за што ќе следува пријава за угостителите по чл. 204 од Кривичниот законик. Исто така, кај еден малолетник е пронајден метален боксирач, кој бил одземен, а против лицето ќе следува поднесок по Закон за оружје.

За време на акциската контрола на ул. „1 Мај“ во Демир Хисар биле констатирани 20 прекршоци за непрописно паркирање, а на ул.„Крушевска Република“ во Битола биле затекнати и санкционирани 15 непрописно паркирани возила.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.