Акциска на МВР: Во неколку часа “yловени” 32 прилепчани кои возеле со бpзина над дозволената

Во текот на вчерашниот ден, од 14 – 20 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 105 возачи.

28 санкции се изречени на територија на Битола, 32 санкции на територија на Прилеп, 29 на територијата на Ресен, 5 санкција на територија на Демир Хисар, 8 во Македонски Брод и 3 санкции на територија на Крушево.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.