Изминатите денови Прилеп како и некогаш е градот на непокорот, Прилеп е градот на единство, симболот на борба и бунтовност, Прилеп останува градот херој.
Наследниците на Методија Андонов – Ченто, на Пере Тошев, Ѓорче Петров…. најмасновно излегуваат на градските улици и се спротивставуваат на урнисувањето на државата со воведување на двојазичност во државата.
Прилепчани жестоко се кренаа против негирањето на делото на борците против фашизмот и заканата нивната борба да се прикажи како геноцид врз Албанците.
Речиси и да не постои граѓанин кој деновиве не се почувствува понижен, огорчен и обесправен.
И вечерва во 18 часот пред хотел “Липа”, oдново народ ќе протече низ улиците. Илјадници прилепчани одново ќе излезат на градските улици и ќе повикаат за зачувување на државата, за зачувување на ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.
Вечерва со прилепчани ќе биде и актерката Снежана Конеска – Руси, која ќе ги предводи мирните протести.
А.Г.