Актерите на една од најпопуларните ТВ серии во светот козумирале прилепска Газоза за да ги истакнат емоциите

sdgfg,jk

“Црната листа” моментално е една од најпопуларните ТВ серии во светот. Вљубениците во оваа ТВ серија гледајќи ја четиринаесеттата епизода од четвртата сезона, го забележаа амбалажот на легендарниот освежителен пијалок.

Дека не се работи за некаква случајност говори и тоа дека, режисерот на познатата серија Кристин Ги,  префериралa актерите да консумираат прилепска Газоза, која им давала посебни емоции на опуштање за надминување на стресовите и напорите кои се јавувале при снимањето на серијата, кои понекогаш траеле и по 14 часови на ден.

Прилепчани се горди на прозиводот на Прилепска Пиварница, а веруваме дека особено ќе им биде драго кога ќе видат дека и врвните актери уживаат во единствената Прилепска Газоза.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.