Ако пиете кафе на празен желудник, мора да знаете што тоа значи за вашето здравје

Дали кафето е здраво за нашиот организам и што се случува кога го пиеме на празен стомак? Луѓето секојдневно пијат кафе и го обожаваат неговиот вкус, но сè уште постои дилема за потребното дневна доза и за тоа што ќе предизвика ако го пиеме на празен стомак. Научниците честопати се обидуваат да го најдат точниот одговор на ова прашање.

Согласни се дека пиењето кафе има одредени придобивки за организмот, но постојат некои работи на кои мора да се обрне внимание. Кафето е важен антиоксидант и е докажано дека во некои ситуации спречува развој на малигни клетки, но не е баш паметна идеја доколку го пиете на празен стомак.

Една шолја чисто црно кафе внесена на празен желудник поттикнува создавање желудочна киселина што посебно им штети на луѓето со гастритис. Ни оние кои имаат сосема здрав желудник не се поштедени од создавањето желудочна киселина бидејќи нејзиното зголемено излачување ќе предизвика непријатност во текот на јадењето и пречки во варењето на храната.

Протеините кои не можат да се сварат создаваат надуеност, ждригавица, повраќање, иритација, воспаление, па дури и рак на дебелото црево. Поради тоа експертите препорачуваат да се внесе барем малку храна во желудникот пред да се напиете кафе наутро.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.