Минимални 9.610 денари е сумата која работниците од приватниот сектор треба да ја добијат на сметки до крајот на годинава како К-15. Пресметките покажуваат дека сумата која ќе легне на контото на вработените за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари.
Вработените во јавните институции се уште немаат право на К-15 .
Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. При состојба кога не е донесена одлука за висината работодавецот има обврска да ги исплати максималните износи предвидени со Колективниот договор на ниво на работодавец.
Доколку газдите не го исплатат регресот тогаш може да се соочат со високи глоби кои достигнуваат и до 4000 евра.