Ако на сон ви дојде Света Петка, еве што значи: Се јавува само од две причини!

За многумина Света Петка е заштитничка, а се верува дека посебно ги штити и им помага на жените, децата и старите луѓе.

Верниците и’ се обраќаат со молитва, особено жените, за да им помогне во животни неволји. Покрај храмовите посветени на Света Петка, честопати се наоѓаат извори за кои се верува дека водата која извира од нив е лековита и дека поттикнува исцелување.

Според народните верувања, Света Петка на верниците честопати им се јавува насон поради две причини: За да им пружи утеха и да им донесе добри вести, или пак, се јавува во вид на предупредување кога правиме некоја грешка.

Според старите обичаи, на оваа светителка на денот на празникот и се оддава почит со молитва, се пали темјан и се одбегнуваат тешки домашни работи.

Денот Света Петка не е само христијански празник, туку и крсна слава на многубројни православни верници кои сметаат дека оваа светителка е заштитничка на нивниот дом.

Молитва +++
О, велика Божја угодничке! Храбра девојко, цврста маченичке, света Параскево! Со твоите свети молитви биди ни помошничка нам грешните, застапувај се и моли се за покајаните грешници.
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото Евангелие, ревнителке за Господовите заповеди, која се удостои да влезеш во пристаништето на вечниот спокој и во одајата на твојот жених Христос Бог да се радуваш, со двоен венец на девство и мачеништво украсена!

Те молиме, света маченичке, биди за нас молителка кон Христа Бога, од Чиј што преблажен поглед секогаш се радуваме.

Моли Го Семилостивиот, Кој со еден збор на слепородениот му ги отвори очите, да нѐ избави од болеста на нашите очи, на телесните и духовните;

растргај го со своите молитви духовниот мрак, создаден од нашите гревови, измоли од Отецот на Светлината благодатна светлина за нашите духовни и телесни очи;

просвети нѐ нас, помрачените од гревови, со светлината на Божјата благодат, та преку твоите слепи молитви да им се даде на оние кои не гледаат слатко гледање.

О, Велика Божја угодничке! Храбра девојко, цврста маченичке, света Параскево! Со твоите свети молитви биди ни помошничка нам грешните, застапувај се и моли се за покајаните грешници, побрзај да ни помогнеш, бидејќи сме немоќни.

Моли Го Господа, чиста девојко, моли Го Милосрдниот, света маченичке, моли Го твојот Жених, непорочна невесто Христова, та потпомогнати од твоите молитви, да го растргнеме гревовниот мрак, во светлината на вистинската вера и дела Божествени да влеземе во светлината на вечниот невечерен ден, во градот на постојана радост, во кој ти светло блескаш со слава и бескрајна веселба, славословејќи и воспевајќи го со сите небесни сили Трисветлото Единствено Божество, Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.