Ако миcлевте дека ceкаде во дpжавно е yбаво, погледнете како е во cтapa општина во Пpилеп (Фото галерија)

Taвани кои се распаѓаат и опасно се заканyваат да повредат некој, влага, мувла, нечистотија…во вакви услови работат административците во старата општинска зграда во Прилеп.

Иако неколку пати досега имаме апелирано, досега никој не се ангажира за подобрување на условите за работа на десетици вработени во подрачните одделенија на министерствата кои функционираат тука.

Дождот во изминатите 3 недели уште повеќе ја влоши состојбата, па таваните почнале насекаде да попуштаат и да паѓаат.

Низ овие ходници дневно помиуваат и голем број граѓани кои имаат потреба од остварување на некое свое право или услуга, за среќа никој засега не е повpeден.

Вработените велат дека кога врне надвор низ ходниците се движат со чадори, како да се под отворено небо.

Местото наликува на некој запуштен објект во кој никој не стапнал во изминатите 20-30 години, нешто налик на сцените од градот Припјат, кој бил испразнет поради нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Дел од институциите веќе им обезбедија подобри услови на своите вработени во други објекти, но тука се уште работат голем број службеници кои секојдневно се соочуваат со оваа глетка и се пазат да не настрадаат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.