Jавното комунално претпријатие Водовод и канализација Прилеп објави тендер за набавка на ДВЕ ТОВАРНИ ПОЛОВНИ ВОЗИЛА.
Во условите пишува дека на тендерот можат да учествуваат сите заинтересирани физички и правни лица, а потребно е понудените возила да не бидат постари од 13 години.
Исто така, од Водовод бараат заедно со возилата да биде испорачана соодветна опрема, како резервно тркало, дигалка, резервни сијалички…
Потенцирано е и тоа возилата да не бидат ХАВАРИСАНИ и да немаат КОРОЗИЈА.
Па доколку имате постаро товарно возило кое ги исполнува условите, а ви е за продавање, среќно!