Денеска го исплаќаме надоместокот за годишен одмор (регрес) за 2023 година во износ од 10.000 денари за вработени во МВР, односно бруто износ од 125.498.745 денари, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи.
,,Како раководство на МВР се обврзавме кон континуирано унапредување на социјалниот статус на полициските службениците и вработените во МВР – со зголемување на платите за 35% откако сум на чело на МВР и со редовно исплаќање на 6 бонус плати, а со една единствена цел – создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните” вели Спасовски.