Кога на раката, дланката, прстите или на рачниот зглоб ќе се појават чудни изpacтоци или отoци или нешто слично, обично си мислиме дека тоа е последица на повpeда, yбод од инсекти или некој плускавец од работа. Сепак, таквите симптоми може да имаат индикација за некои поголеми проблеми со здравjeто.
Ваквите чворови на рацете, медицински се наречени хигромом, а тоа е всушност бениген тумор –ганглиона циста на зглобот. Иако на рачниот зглоб се најчести, сепак, може да се појават и на површината од дланката или на внатрешната страна од прстите.
Всушност станува збор за тумор од мекото ткиво на шаката кој е во контакт со зглобната капсула или со обвивката на тетивата и има величина од неколку милиметри до 2 сантиметри, поретко со поголеми димензии.
Хигромом може да предизвика болка, трпки и ограничена мобилност во зглобот, но лекарите предупредуваат дека во потешки случаи може да предизвика пореметување на фунцијата на дланката.
Најчесто се лекува хируршки и со терапија со кортикостероиди, а лекарите советуваат да побарате помош од лекар ако забележите сомнителен израсток.