Ако сакате брзо да го пополните паричникот, треба што побрзо да набавите Красула Овата, познатo како дрво на пари, според Фенг Шуи. Растението не бара многу, многу е отпорно, а ако се грижите за него може долго да трае. Се што му треба е светлина, затоа што без неа листовите ќе се осветлат, а растението ќе се издолжи, а за врме на горештините може да се изнесе и надвор.
Секако, тогаш потребно е повеќе да се залева, но тоа треба да се прави тогаш кога земјата е потполно сува.
Се верува дека истото привлекува многу пари.