Академијата од гимназијата “Мирче Ацев” Прилеп работи на иднината на фудбалот

11

Веќе две години во Прилеп во склоп на гимназијата “Мирче Ацев” функционира Спортската академија за фудбал. Дечките од академијата напоредно изучуваат 8 предмети и тренираат фудбал. Сите од нив се селектирани на конкурс од страна на Фудбалската федерација на Македонија и се очекува од нив да излезат нови првотимци за А селекцијата на фудбалската репрезентација на Македонија во иднина.

12

Од понеделник до четврток учениците тренираат во академијата, на супер модерен терен, со одлични услови и одлична опрема, а од петок се враќаат на настапите за своите клубови.

13

Во среда се играат пријателски утакмици со другите академии, каде се мери достигнувањето на секоја академија и се воочуваат најдобрите поединци. Од стручниот штаб кој е во состав: Менде Петлески (професор по физичка култура), Тони Наумоски и Николче Здравески (тренери), Дејан Кебакоски (тренер на голмани) и Сандра Стојкоска (физиотерапефт), велат дека постои огромен потенцијал и дека сигурно би излегле 4 до 5 првотимци за Победа.

14

Исто така во склоп на Академијата тренираат и ги покажуваат своите фудбалски способности и девојки, и тоа 4 во првата генерација и 2 во втората.

15

Екипата на маркукуле.мк беше во посета на еден од нивните тренинзи и преку фотографии ви ја пренесуваме атмосверата од таму, да се уверите во сите услови со кои располага оваа Академија.

16

17




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.