Азири потврди дека Заев прифатил сѐ само да се смени името

Вчера во дебатна емисија на 1ТВ гостуваа претставници на БЕСА и Алијанса при што говореа за барањата кои ги доставиле до Заев. Елми Азири, потпретседател на Алијанса за Албанците посочи дека сите три барања кои ги доставиле до Заев се прифатени дури и што се однесува на Преамбулата ја избришаа реченицата која гласи дека граѓаните кои живеат во границите на Република Северна Македонија.

-Кога може премиерот Заев и кога може македонската условно кажано политика да се договара и да се разбере, да се преговара со Грција, со Бугарија, со Србија зошто да не може со луѓе, сограѓани кои живееме во иста држава. Зошто да не го искористиме моментот кога веќе се отвора Уставот, зошто да не се искористи моментот за да се седне како цивилизирани политички партии и за да надминеме некои пречки односно некои навредливи категоризации кои се во Уставот на Република Македонија почнувајќи од Преамбулата и навака, рече Елми Азири, потпретседател на Алијанса за Албанците.

Азири образложи дека тие како Алијанса за Албанците, јавноста знае дека од почетокот на нивното формирање предлагаа една институција која се вика „Маса на политичките партии на Албанците“ за да кога дојде моментот за да имаат единствено решение за некои ставови за да еднаш и засекогаш за да се завршат етничките прашања во Македонија. Но како јавноста што знае таа маса е дискредитирана до крајност од ДУИ од дневно политичките интереси, од партиските интереси.

Три предлози од Алијанса за Албанците се договорени со премиерот Зоран Заев. Едниот се однесува на уставниот закон што се однесува на ограничувањето на Република Македонија со Република Косово. Второто се однесува на дијаспората значи Република Македонија освен што има законска уставна обврска да се грижи за македонското иселеништво треба да се грижи за сите, затоа што тие се граѓани од оваа држава. И договорот што вчера испадна со претседателот Зијадин Села и премиерот Заев беше што се однесува на Преамбулата ја избришавме реченицата која гласи дека граѓаните кои живеат во границите на Република Северна Македонија, посочи Азири.

Азири дури потенцира дека голем број на историчари, интелектуалци, политичари не еднаш, пишувале по разни книги, енциклопедии дека Албанците се дојдени, Албанците дошле во тој век оној век. Но со овој предлог што е предложен на Заев ќе се зацврсти ставот во Уставот, во Преамбулата дека Албанците се автохтон народ во Македонија. Не се привремен народ, не се дојдени некогаш па еднаш се очекува да бегаат од Македонија и да ги снема. Албанците се автохтон народ, Албанците сигурно во Македонија се пред сите, во Балканот се пред сите.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.