Бразилската убавица стана член на брендот “Викторија Сикрет” во 1999 година, а на последната прошетка по модната писта како ангел емотивно се скрши.
Една од најубавите жени на светот Адријана Лима (37), ден пред ревијата на “Викторија Сикрет”, потврди дека ова ќе биди воедно и нејзина последна ревија на која ќе се прошета како Ангел на Викторија.
Иако речиси две децении гордо ги носеше крилјата и владееше со познатиот моден бренд, Адријана целосно се скршила за време на последната ревија во својство на “Ангел” и заплакала.
Била облечена во прекрасен и раскошен сет на долен веш, имала огромни крилја на грбот, а рацете ги држела склопени на градите додека во солзи се заблагодарила на публиката и брендот на самото затворање на шоуто во Њујорк.
Адријана добила овации од публиката, а се забележале и солзи на нејзините очи.
Погледнете ја целата фото галерија: