Адреналинско уживање: Над 500 моторџии од цела Македонија ја отворија мото сезоната од плоштадот “Магнолија” во Битола (ВИДЕО)

Вчера Битола и битолчани беа сведоци на едно прекрасно адреналинско шоу. Над 500 моторџии од цела Македонија со своите миленици пристигнаа на плоштадот “Магнолија”, каде ја отворија мото сезоната за 2024 година.

Настанот беше во организација на Мото асосцијацијата на Македонија на мото клубови, а домаќини во Битола беа членовите на Мото клубот “Конзули”.

Битолчани беа воодушевени од глетката и ја искористија можноста да се фотографираат со голем број уникатни примероци, кои на “Магнолија” ги имаше од сите брендови.

-Битола беше центарот на мото културата, градот на моторите. Првиот настан на МАМ “Отворање на мото сезона” ги надмина и нашите очекувања и со ова сме охрабрени посериозно и попосветено да продолжиме со работа. Благодариме на сите МК, МЦ, МГ и интернационални клубови и слободни возачи кои присуствуваа на настанот и го одбележуваме почетокот на мото сезоната во Македонија. Оваа традиција ќе ја негуваме секоја година и со очекување во се поголем број на членови на МАМ и посетители на настанот. Имајте безбедни километри и убави моменти со Вашите миленици на две тркала – напишаа од Мото асоцијацијата на социјалните мрежи.

ФОТО/Мото Асоцијација на Македонија на МК мото клубови




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.