Адеми: “Aко на пописот Албанците излезат под 20%, нема да ги признаам резултатите”

Пратеникот од редовите на ДУИ, Арбр Адеми, во гостување на TV21 рече дека доколку по пописот се покаже дека Албанците се помалку од 20%, тогаш нема да ги признае резултатите.

„Никогаш, никогаш“ беше неговиот одговор на прашањетои дали би прифатил бројка од 19 проценти.

Како поранешен министер за образование Атеми изнесе и податоци за бројот на запишани ученици од учебната 2017/18.

„Дали може како министер за образование да споделам еден податок со вас – бројот на учениците за учебната година 2017/18 е 121 илјада и 272 Македонци, односно 64.22%, а 60.709 Албанци, односно 32.15%-рече Адеми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.