Синоќа на седница на Извршниот одбор на партијата, беа дефинирани уште неколку кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.
По спроведените испитувања на јавното мислење, по истражувањата и анализите во органите на партијата и секако по консултација со членовите, дефинирани се дополнителни пет кандидати за градоначалници, информираат од СДСМ.
1. Ѕвонко Пекевски – Берово
2. Борис Георгиевски – Гази Баба
3. Јасмина Гулевска – Могила
4. Тони Делков – Неготино
5. Даниел Крстевски – Ранковце.