Во текот на вчерашниот ден во 17 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Цитроен Берлинго“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот М.Ч. од селото Канатларци, прилепско и камион „Форд Транзит“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 38-годишниот С.И. од Битола.
Во незгодата возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата во Битола.