Утринава околу 01 часот и 30 минути на магистралниот пат Градско – Прилеп патнички автомобил марка „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 19- годишниот Љ.Т од населбата Градско удрил во заштитната ограда од бензинска пумпа и се превртел на патот.
Во незгодата со повреди се здобил сопатникот, 18- годишниот Ѓ.Ѓ од Росоман кој бил пренесен и задржан на лекување во Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.